2 Над првиот одред, во првиот месец, беше синот Завдилов Јасовеам. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.
3 Им припаѓаше на Фаресовите синови и беше заповедник на сите военачалници во војската на првиот месец.
4 Над одредот во вториот месец беше Ахошецот Додај, а военачалник во неговиот одред беше Миклот. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.
5 Военачалник на третата војска, на третиот месец, беше синот на свештеникот Јодај, главатарот Венај. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
6 Тој Венај беше јунак меѓу трисетмината и над триесетмината, и во неговиот одред беше син му Амизавад.
7 Четвртиот, во четвртиот месец, беше братот Јоавов Асаил, а по него син му Зевадиј. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
8 Петтиот, во петтиот месец, беше военачалник Езраелецот Самут, и во неговиот одред беа дваесет и четири илјади.