1 Летописи 27:21-27 MKB

21 над втората половина на Манасиевото племе во Галад синот Захариев Идо; над Венијаминовото Авенировиот син Јасил.

22 Над Дановото Јероамовиот син Азареил. Тоа беа кнезовите над израелските племиња.

23 Но Давид не даде да ги пребројат оние на кои им беа дваесет години и помалку, зашто Господ беше рекол дека ќе ги умножи како небеските ѕвезди.

24 Серуиниот син Јоав почна да врши попис, но не го заврши. Затоа гневот дојде врз Израел, и затоа тој број не беше примен во бројниот извештај на Летописот на царот Давид.

25 Настојател над царското сокровиште беше Адиловиот син Азмавет, а настојател над ризницата во земјата, во градовите, во селата и во тврдините, беше Озииниот син Јонатан.

26 Надгледувач над полските работници, кои ја обработуваа земјата, беше Езриј синот Хелувов.

27 Надгледувач над лозарите Раматецот Симеј. Надгледувач над приходот на лозјата, за внесување на вино, беше Сифмеецот Завдиј.