1 Летописи 27:23-29 MKB

23 Но Давид не даде да ги пребројат оние на кои им беа дваесет години и помалку, зашто Господ беше рекол дека ќе ги умножи како небеските ѕвезди.

24 Серуиниот син Јоав почна да врши попис, но не го заврши. Затоа гневот дојде врз Израел, и затоа тој број не беше примен во бројниот извештај на Летописот на царот Давид.

25 Настојател над царското сокровиште беше Адиловиот син Азмавет, а настојател над ризницата во земјата, во градовите, во селата и во тврдините, беше Озииниот син Јонатан.

26 Надгледувач над полските работници, кои ја обработуваа земјата, беше Езриј синот Хелувов.

27 Надгледувач над лозарите Раматецот Симеј. Надгледувач над приходот на лозјата, за внесување на вино, беше Сифмеецот Завдиј.

28 Надгледувач над маслинките и над црниците што се во Шефел беше Гедерецот Валанин; надгледувач над складиштата за масло Јоас.

29 Надгледувач над говедата што пасеа во Сарон беше Саронецот Ситрај. Надгледувач над крупниот добиток во долините беше Адлаевиот син Сафат.