1 Летописи 27:25-31 MKB

25 Настојател над царското сокровиште беше Адиловиот син Азмавет, а настојател над ризницата во земјата, во градовите, во селата и во тврдините, беше Озииниот син Јонатан.

26 Надгледувач над полските работници, кои ја обработуваа земјата, беше Езриј синот Хелувов.

27 Надгледувач над лозарите Раматецот Симеј. Надгледувач над приходот на лозјата, за внесување на вино, беше Сифмеецот Завдиј.

28 Надгледувач над маслинките и над црниците што се во Шефел беше Гедерецот Валанин; надгледувач над складиштата за масло Јоас.

29 Надгледувач над говедата што пасеа во Сарон беше Саронецот Ситрај. Надгледувач над крупниот добиток во долините беше Адлаевиот син Сафат.

30 Надгледувач над камилите Исмаилецот Овил. Надгледувач над магарињата Меронотецот Једај.

31 Надгледувач над ситниот добиток (овците) Агарецот Јазиз. Сите тие беа настојатели над имотот на царот Давид.