6 Тој Венај беше јунак меѓу трисетмината и над триесетмината, и во неговиот одред беше син му Амизавад.
7 Четвртиот, во четвртиот месец, беше братот Јоавов Асаил, а по него син му Зевадиј. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.
8 Петтиот, во петтиот месец, беше военачалник Езраелецот Самут, и во неговиот одред беа дваесет и четири илјади.
9 Шести, во шестиот месец, беше Икисовиот син Ира, Текоанец.
10 Седмиот, во седмиот месец, беше Фелонецот Хелис, од Ефремовите синови. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.
11 Осмиот, во осмиот месец, беше Хусатецот Сивехај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.
12 Деветтиот, во деветтиот месец, беше Анатотецот Авиезер, Венијаминец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.