1 Ова се Давидовите синови кои му се родија во Хеврон: првенецот Амнон од Езраелката Ахиноама, вториот Даниел од Карамилката Авигеја,
2 третиот Авесалом, син на Мака, ќерка на Талјам, гесурски цар, четвртиот Адониј, син Агитин,
3 петтиот Сефатиј од Авитала, шестиот Итрам од неговата жена Егла.
4 Шест синови му се родија во Хеврон, каде царуваше седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
5 Овие синови му се родија во Ерусалим: Самај, Совав, Натан и Соломон; четворица од Вит-Савеа, ќерката Амилова.