1 Летописи 4:37-43 MKB

37 Зиса, синот Сифиин, син Алонов, син Едаев, син Симриев, син Семаин.

38 Тие именуваните им беа старешини на своите родови, и нивните семејства се размножија многу.

39 Затоа отидоа до Гедор до источната страна на долината за да бараат пасиште за своите стада.

40 Најдоа изобилно и добро пасиште, и широка, безбедна и мирна земја. Бидејќи пред тоа таму живееја Хамовите потомци,

41 Симеоновците, запишани по име, нападнаа во времето на јудејскиот цар Езекија та ги разбија нивните шатори и нивните засолништа. И ги истребија засекогаш, и се населија на нивно место, зашто таму беа пасиштата за нивните стада.

42 Тогаш некои од оние што им припаѓаа на Симеоновите синови, нив пет стотини, излегоа на планината Сир, на чело со Фелатиј, Неариј, Рефај и Озил, Есееви синови.

43 И го погубија Остатокот што беше избегал од Амаликците и се населија таму до денешниот ден.