1 Летописи 5:17-23 MKB

17 Сите беа запишани во племенскиот родословник за време на јудејскиот цар Јотам и за време на израелскиот цар Јеровоам.

18 Рувимови и Гадови синови, и половина на Манасиевото племе, храбри јунаци кои носеа штит и меч, та оптегнуваа лак и беа вешти во бој, беа четириесет илјади и седум стотини и шеесет војници.

19 Војуваа против Агарјанците, Етурејците, Нафисејците и Нодавејците.

20 Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници.

21 Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе.

22 Мнозина паднаа загинати, зашто тој бој беше од Бога; тогаш се населија на нивното место до преселувањето.

23 Синовите од половината Манасиево племе се населија во таа земја од Васан до Вал-Ермон и до Сенир и до Ермонската Гора и се беа намножиле.