1 Летописи 5:20-26 MKB

20 Во бојот извикаа кон Господа, и Тој ги послуша, зашто се надеваа во Него: беа помогнати против непријателите, та им беа предадени во рацете Агарјанците со сите нивни сојузници.

21 Го запленија нивниот добиток, педесет илјади камили и двеста и педесет илјади овци и кози, и две илјади магариња и одведоа во ропство сто илјади луѓе.

22 Мнозина паднаа загинати, зашто тој бој беше од Бога; тогаш се населија на нивното место до преселувањето.

23 Синовите од половината Манасиево племе се населија во таа земја од Васан до Вал-Ермон и до Сенир и до Ермонската Гора и се беа намножиле.

24 Овие беа главатари на нивните родови: Ефер, Јесеј, Ели, Азрил, Еремиј, Одавиј и Јадил, храбри јунаци и угледни мажи: главатари во своите родови.

25 Но кога Му изневерија на Бога на своите татковци и и се предадоа на прељубата со боговите на народите на онаа земја, кои Бог ги откорна пред нив,

26 Израелевиот Бог ги разбуди непријателството на асирискиот цар Фула и непријателството на асирискиот цар Телгат-Фелнасар. Тие ги одведоа во ропство Рувимовото и Гадовото племе и половина од Манасиевото племе. Ги доведоа во Ала, во Авор и покрај Гозанската Река до денешниот ден.