10 На Јоанана му се роди Азариј, кој беше свештеник во Храмот што го изгради Соломон во Ерусалим.
11 На Азарија му се роди Амариј; на Амарија му се роди Ахитов;
12 а на Ахитова му се роди Садок, на Садока му се роди Салум;
13 на Салума му се роди Хелкиј, на Хелкија му се роди Азариј;
14 на Азарија му се роди Јоседек.
15 Јоседек отиде кога Господ ги одведе на заточение Јуда и Ерусалим преку Навуходоносоровата рака.
16 Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј.