43 син на Јат, син на Гирсон, синот Левиев.
44 Мерариевите синови, нивните браќа, му стоеја од левата страна: Етан, синот на Кисиј, син на Авдиј, син на Малух,
45 син на Асавиј, син на Амасиј, син на Хелкиј;
46 син на Амасиј, син на Ваниј, син на Самир,
47 син на Молиј, син на Мусиј, син на Мерариј, синот Левиев.
48 Нивните браќа левити беа поставени за секаква служба во Шаторот на Божјиот Дом.
49 Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и вршејќи го обредот за очистување од сè над Израел, според сè што заповеда Божјиот слуга Мојсеј.