54 Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство - зашто ним им падна жрепката -
55 им го дадоа Хеврон во Јудејската Земја со пасиштата околу него.
56 Градското Поле и неговите села му ги дадоа на Ефрониевиот син Халев.
57 И така, им ги дадоа на Ароновите синови градовите - прибежишта Хеврон и Ливна со пасиштата, Јатир и Естемој со пасиштата,
58 Илон со пасиштата, Девир со пасиштата,
59 Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата.
60 Од Венијаминовото племе: Гаваја со пасиштата, Алемат со пасиштата и Анатот со пасиштата; и така тринаесет градови според нивните родови.