64 Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со пасиштата.
65 Ги дадоа со жрепка, од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови, тие градови кои се спомнати по име.
66 На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња,
67 им ги дадоа како градови - прибежишта Сихем со пасиштата во Ефремовата Гора и Гезер со пасиштата,
68 Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата,
69 Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата.
70 Од половината Манасиево племе им ги дадоа на родовите на другите Каатови синови: Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.