19 Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан.
20 Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!).
21 Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата.
22 Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност.
23 Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот.
24 Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.
25 Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.