25 Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.
26 Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом.
27 Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.
28 Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.
29 Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите;
30 а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси.
31 Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење.