13 Сетур, син Михаилов од Асировото племе;
14 Навиј, син Вопсиев, од Нефталимовото племе;
15 Гуел, син Макхиев, од Гадовото племе.
16 Тоа се имињата на луѓето кои ги испрати Мојсеј за да ја извидат земјата.
17 Мојсеј ги испрати да ја согледаат Ханаанската Земја па им рече: „Одете горе во Негев, и искачете се на гората.
18 Разгледајте ја каква е земјата. Дали народот, што живее во неа, е силен или слаб, дали е малуброен или е многуброен?
19 Каква е земјата во која живее: добра или лоша? Какви се градовите во кои престојува: отворени или утврдени?