Броеви (4 Moj.) 13:20-26 MKB

20 Каква е почвата: плодна или посна? Има ли дрва по неа или нема? Бидете слободни и земете од плодовите на таа земја.” Туку што беше време на раното грозје.

21 Тие отидоа горе да ја извидат земјата од пустината Син до Реова, што е на влезот во Емат.

22 Се искачија на Негев и дојдоа до Хеврон, каде се наоѓаа Ахиман, Сесиј и Телиман, Енакови синови. Хеврон е основан седум години порано отколку Зоан во Египет.

23 Кога стигнаа во долината Есхол, отсекоа таму лоза со грозд и го понесоа, двајца, на стап; зедоа и калинки и смокви.

24 Тоа место беше наречено Долина Есхол, заради гроздот што Израелците го отсекоа таму.

25 По четириесет денови се вратија од земјата што ја согледуваа.

26 Отидоа при Мојсеја и Арона и при целото Израелско општество во Кадис, во Фаранската Пустина. Им поднесоа извештај ним и на целата заедница, а тогаш им ги покажаа плодовите на земјата.