Броеви (4 Moj.) 13:25-31 MKB

25 По четириесет денови се вратија од земјата што ја согледуваа.

26 Отидоа при Мојсеја и Арона и при целото Израелско општество во Кадис, во Фаранската Пустина. Им поднесоа извештај ним и на целата заедница, а тогаш им ги покажаа плодовите на земјата.

27 И тие го известија: „Отидовме во земјата во која што нè испрати. Навистина низ неа течат мед и млеко. Еве ги нејзините плодови.

28 Но силен е народот што живее во земјата, градовите се утврдени и многу се големи. А видовме таму и Енакови потомци.

29 Амаликците живеат во Негевскиот крај; Хетејците, Евусејците и Аморејците живеат на планината, а Ханаанците се наоѓаат покрај морето и вдолж на Јордан.”

30 Халев го замолчи народот околу Мојсеја и проговори: „Да тргнеме не двоумејќи се и да ја заземеме, зашто можеме да ја покориме!”

31 Но луѓето кои одеа со него одговорија: „Не можеме да одиме против оној народ, зашто е посилен од нас.”