19 Чистиот човек нека го попрскува нечистиот на третиот и на седмиот ден. Така ќе го очисти на седмиот ден. Тогаш тој нека ја испере својата облека, нека се измие во водата и нека биде чист навечер.”
20 „А ако некој биде нечист и не се очисти, нека биде истребен од општеството зашто го онечистил Господовото светилиште; не бил полиен со вода за очистување; нечист е!
21 И ова нека им биде вечен закон: и оној кој прскаше со водата за очистување, нека ја испере својата облека; и оној што ја допрел водата за очистување, нека биде нечист до вечерта.
22 До што и да се допре нечистиот нека биде нечисто; а човекот што ќе се допре до него, нека биде нечист до вечер.”