Броеви (4 Moj.) 19:8-14 MKB

8 И оној што ја изгорел нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода и нека биде нечист до вечерта.

9 А еден чист човек нека ја собере пепелта од јуницата па да ја стави надвор од логорот на чисто место, да се чува за водата на очистување за израелската заедница. Тоа е жртва за грев.

10 И оној кој ќе ја собере пепелта од јуницата нека ја испере својата облека, и нека биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечен закон и за Израелевите синови и за странците, кои живеат среде нив.”

11 „Кој ќе се допре до мртво човечко тело, нека биде нечист седум дена.

12 Таквиот нека се измие со таа вода на третиот и на седмиот ден, па ќе биде чист. Ако не се измие на третиот ден и на седмиот ден, нема да биде чист.

13 Кој ќе се допре до мртовец, до тело на умрен човек, а не се измие, го осквернува Господовиот Шатор. Таквиот нека биде истребен од Израел. Бидејќи не беше полиен со вода за очистување; нечист е; неговата нечистота е на него.”

14 „Ова е закон кога некој ќе умре во шатор: секој кој ќе влезе во шаторот и секој кој е во шаторот, нека биде нечист седум дена.