Броеви (4 Moj.) 24:13-19 MKB

13 ‘Да ми ја даде Валак својата куќа полна со сребро и злато, не можам да ја престапам Господовата повелба и да направам по своја волја било добро или зло: она што ќе го каже Господ, и јас ќе го речам тоа.’

14 А сега, ете, кога си одам при својот народ, дојди, да ти откријам што ќе му направи овој народ на твојот народ во иднина!”

15 И ја почна својата беседа и рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед,

16 пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сèвишниот, кој ги виде виденијата на Сèсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.

17 Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!

18 Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,

19 Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”