Броеви (4 Moj.) 24:14-20 MKB

14 А сега, ете, кога си одам при својот народ, дојди, да ти откријам што ќе му направи овој народ на твојот народ во иднина!”

15 И ја почна својата беседа и рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед,

16 пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сèвишниот, кој ги виде виденијата на Сèсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.

17 Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!

18 Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,

19 Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”

20 Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.”