17 Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!
18 Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,
19 Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”
20 Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.”
21 Тогаш се загледа во Кенејците, па ја почна својата беседа и рече: „Цврсто е твоето живеалиште, Кенеоне, гнездото ти е свиткано врз карпа!
22 Но гнездото му припаѓа на Веор; до кога ќе му робуваш на Асур?”
23 Пак ја почна својата беседа и рече: „Поморски народи се собираат од север!