Броеви (4 Moj.) 24:5-11 MKB

5 Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле!

6 Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите!

7 Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.

8 Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи,тој ги дроби нивните коски.

9 Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!”

10 И Валак пламна со гнев на Валаама и плесна со своите раце. „Те повикав да ги проколнеш моите непријатели - му рече Валак на Валаама - а, ете, ти ги благословуваш веќе по трет пат!

11 Оди си веднаш во својот крај. Си реков ќе те почестам достојно! А, ете, Господ те лиши од почитувањето.”