Броеви (4 Moj.) 27:11-17 MKB

11 Ако татко му нема браќа, дајте му го неговото наследство на најблискиот роднина од неговиот род: нека ја земе тој во сопственост. Тоа нека им биде законска одредба на Израелевите синови, како што Господ му заповеда на Мојсеја.”

12 Господ му рече на Мојсеја:

13 „Искачи се на онаа гора - Аварим и разгледај ја земјата што им ја давам на Израелевите синови. А кога ќе ја разгледаш, ќе им се придружиш и ти на своите предци, како што им се придружи и твојот брат Арон.

14 Зашто при побуната на општеството во пустината Цин и се спротививте на Мојата уста, место да ја покажете, со водата, Мојата светост во нивните очи.” (Тоа се водите на Мерива кај Кадис во пустината Цин).

15 А Мојсеј Му проговори на Господа вака:

16 „Господ, Бог на духовите на секое тело, нека постави човек над ова општество,

17 кој ќе излегува пред него, кој ќе врви пред него, кој ќе го изведува и воведува, така што Господовата заедница да не биде како стадо што нема пастир.”