4 Зошто да исчезне името на нашиот татко од неговиот род? Бидејќи немаше син, дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!”
5 Мојсеј го изнесе нивното дело пред Господа.
6 А Господ му рече на Мојсеја:
7 „Салпадовите ќерки зборуваат право. Секако треба да им дадеш недвижен имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко.
8 Натаму, кажи им на Израелевите синови: ‘Кога ќе умре некој човек а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка.
9 Ако нема ни ќерка, предајте го наследството на неговите браќа.
10 Ако нема ни браќа, предајте го неговото наследство на браќата на неговиот татко.