Броеви (4 Moj.) 28:11-17 MKB

11 ‘Во почетокот на вашите месеци принесувајте Му на Господа паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.

12 За секој јунец, како лебен принос: три десетини чисто брашно измешано со масло; за секој овен, како лебен принос: две десетини ефа чисто брашно измешано со масло.

13 За секое јагне една десетина чисто брашно измешано со масло, како лебен принос. Тоа е паленица, жртва за пријатен мирис на Господа.

14 Нивните налевници нека бидат: на јунец половина ин вино; на овен третина ин; на јагне четвртина ин. Тоа е паленица при секоја млада месечина во секој месец на годината.

15 Освен секојдневната паленица, нека Му биде принесуван на Господа еден јарец како принос за грев, со неговата налевница.’

16 ‘Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден во месецот е Господова Пасха,

17 а на петнаесеттиот ден на тој месец е празник. Седум дена нека се јадат бесквасни лебови.