18 На првиот ден нека биде свето собрание. Не работите никаква работа!
19 Принесете Му на Господа жртва-паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња. Нека ви бидат без недостаток.
20 Нивниот лебен принос, од најчисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен,
21 а на секое од оние седум јагниња нека биде по една десетина ефа.
22 И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.
23 Принесувајте го ова освен утринската паленица, што се принесува како секојдневна паленица.
24 Принесувајте така секој ден во текот на седумте денови; тоа е храна, палена жртва за благоугоден мирис на Господа. Нека се принесува тоа покрај секојдневната паленица и нејзината налевница.