Броеви (4 Moj.) 28:2-8 MKB

2 „Нареди им на Израелевите синови и речи им: ‘Внимавајте да Ми ги принесувате во определено време Моите приноси: Мојот леб - паленици за Мене за благопријатен мирис.’

3 Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.

4 Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.

5 А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.

6 Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.

7 Нејзината налевница нека се состои од четвртина ин за секое јагне. Налевницата од вино нека се излева, во Светилиштето, на Господа.

8 Другото јагне принесувајте го во примрак. Принесувај го како и утринскиот лебен принос и неговата налевница, како палена жртва, за пријатен мирис на Господа.’