3 Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.
4 Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.
5 А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.
6 Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.
7 Нејзината налевница нека се состои од четвртина ин за секое јагне. Налевницата од вино нека се излева, во Светилиштето, на Господа.
8 Другото јагне принесувајте го во примрак. Принесувај го како и утринскиот лебен принос и неговата налевница, како палена жртва, за пријатен мирис на Господа.’
9 ‘Во саботен ден: принесувајте две едногодишни јагниња без недостаток и две десетини ефа чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос, со неговата налевница.