Броеви (4 Moj.) 28:5-11 MKB

5 А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.

6 Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.

7 Нејзината налевница нека се состои од четвртина ин за секое јагне. Налевницата од вино нека се излева, во Светилиштето, на Господа.

8 Другото јагне принесувајте го во примрак. Принесувај го како и утринскиот лебен принос и неговата налевница, како палена жртва, за пријатен мирис на Господа.’

9 ‘Во саботен ден: принесувајте две едногодишни јагниња без недостаток и две десетини ефа чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос, со неговата налевница.

10 Тоа е: саботна паленица во секоја сабота, освен секојдневната паленица и нејзината налевница.’

11 ‘Во почетокот на вашите месеци принесувајте Му на Господа паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.