Броеви (4 Moj.) 29:6-12 MKB

6 Тоа нека биде - покрај паленицата на млада месечина и нејзиниот лебен принос; покрај секојдневната паленица и нејзиниот лебен принос, и покрај нивните налевници, според прописот - палена жртва за пријатен мирис на Господа.’

7 ‘А на десеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание; смирете ги вашите души и не работите никаква работа.

8 Принесете Му на Господа паленица за пријатен мирис: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња. Нека ви бидат без недостаток.

9 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини на овен

10 и една десетина ефа на секое од оние седум јагниња.

11 И еден јарец во жртва за грев. Тоа е покрај: приносот за грев на Денот на очистувањето, покрај постојаната паленица и нејзиниот лебен принос и нивните налевници.’

12 ‘Во петнаесеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание. Не работите никаква работа. Седум денови прославувајте го празникот на Господа.