8 Принесете Му на Господа паленица за пријатен мирис: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња. Нека ви бидат без недостаток.
9 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини на овен
10 и една десетина ефа на секое од оние седум јагниња.
11 И еден јарец во жртва за грев. Тоа е покрај: приносот за грев на Денот на очистувањето, покрај постојаната паленица и нејзиниот лебен принос и нивните налевници.’
12 ‘Во петнаесеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание. Не работите никаква работа. Седум денови прославувајте го празникот на Господа.
13 А за паленица, изгорена за пријатен мирис на Господа, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет јагниња годиначиња. Нека бидат без недостаток.
14 Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на секој од тринаесетте јунци, две десетини ефа на секој од двата овна