12 „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!
13 Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”
14 Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:
15 „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”
16 Мојсеј ги изброја според Божјата заповед, како што му беше наредено.
17 Овие беа Левиеви синови по име: Гирсон, Каат и Мерариј.
18 А ова се имињата на Гирсоновите синови по нивните родови: Ливниј и Семеј.