2 Ова беа имињата на Ароновите синови: првороденец Надав, потоа Авиуд, Елеазар и Итамар.
3 Тоа се имињата на Ароновите синови, на свештениците помазани, за свештенство на посветените.
4 Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога во Синајската Пустина, принесуваа непосветен оган пред Господа. Бидејќи немаа синови, затоа Елеазар и Итамар служеа како свештеници во присуство на татка си Арона.
5 Господ му рече на Мојсеја:
6 „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;
7 нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.
8 Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.