23 Родовите на Гирсоновците да ги поставуваат шаторите зад Шаторот кон запад.
24 Елисаф, синот Лаилов, беше глава на семејството на Гирсоновците.
25 Гирсоновците се грижеа, во Шаторот на средбата, за Шаторот и за неговиот покрив, за завесата на влезот во Шаторот на средбата;
26 потоа за завесите во дворот, за завесата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, за нивните јажиња и за сè друго што спаѓа во таа служба.
27 Од Каат произлегуваат: Амрамовиот род, Исаровиот род, Хевроновиот род и Озииловиот род. Тоа се родовите на Каатовците.
28 Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.
29 Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.