24 Елисаф, синот Лаилов, беше глава на семејството на Гирсоновците.
25 Гирсоновците се грижеа, во Шаторот на средбата, за Шаторот и за неговиот покрив, за завесата на влезот во Шаторот на средбата;
26 потоа за завесите во дворот, за завесата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, за нивните јажиња и за сè друго што спаѓа во таа служба.
27 Од Каат произлегуваат: Амрамовиот род, Исаровиот род, Хевроновиот род и Озииловиот род. Тоа се родовите на Каатовците.
28 Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.
29 Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.
30 Елисафан, синот Озиилов, беше глава на родовите во Каатовиот дом.