28 Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.
29 Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.
30 Елисафан, синот Озиилов, беше глава на родовите во Каатовиот дом.
31 Тие се грижеа за Ковчегот, за столот, за светилникот, за жртвениците и за светиот прибор со кој се служеа и, конечно, за завесата и за сè што и припаѓаше.
32 Елеазар, синот на Арона свештеникот, беше врвен главатар на левитите, Тој вршеше надгледување над оние кои се грижеа за Светилиштето.
33 Од Мерариј произлегуваа Малиевиот род и Мусиевиот род. Тоа се Мерариеви родови.
34 Од нив, при пописот на сите машки од еден месец и повеќе, беа избројани шест илјади и две стотини.