Броеви (4 Moj.) 3:34-40 MKB

34 Од нив, при пописот на сите машки од еден месец и повеќе, беа избројани шест илјади и две стотини.

35 Сурил, синот Авихаилов, беше глава на родовите во Мерариевиот дом. Тие поставуваа логор на северната страна од Шаторот.

36 Мерариевите синови се грижеа за даските на Шаторот, за неговите лостови, за столбовите и за неговите подножја, за сиот негов прибор и за сè што спаѓа во неговата служба.

37 Освен тоа, за столбовите околу дворот, за нивните подножја, за колчињата и за јажињата.

38 А оние што ќе ги поставуваат шаторите на предната страна, пред Шаторот на средбата на источната страна, да бидат Мојсеј, Арон и нивните синови, на кои им беше доверена служба во Светилиштето во име на Израелевите синови. Странец кој би се доближил, ќе биде погубен.

39 Сите избројани од левитите од еден месец нагоре, кои Мојсеј и Арон ги избројаа, по Господова заповед, по нивните родови, беа дваесет и две илјади.

40 Господ му рече на Мојсеја: „Преброј ги сите машки израелски првороденци од еден месец нагоре па изврши попис на нивните имиња.