39 Сите избројани од левитите од еден месец нагоре, кои Мојсеј и Арон ги избројаа, по Господова заповед, по нивните родови, беа дваесет и две илјади.
40 Господ му рече на Мојсеја: „Преброј ги сите машки израелски првороденци од еден месец нагоре па изврши попис на нивните имиња.
41 И левитите додели Ми ги Мене - Јас Сум Господ - место сите израелски првенци, а левитскиот добиток место сите првородени на добитокот на Израелевите синови.”
42 Така Мојсеј ги изброја сите израелски првороденци, како што му заповеда Господ.
43 Во пописот имаше дваесет и две илјади и две стотини и седумдесет и три имиња на сите машки првенци од еден месец нагоре.
44 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:
45 „Земи ги левитите место сите израелски првороденци, а левитскиот добиток место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас Сум Господ.