9 Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.
10 Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”
11 Господ му рече на Мојсеја:
12 „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!
13 Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”
14 Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:
15 „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”