Броеви (4 Moj.) 30:5-11 MKB

5 Но ако татко и, кога ќе чуе, и забрани - никаков нејзин завет, ни нејзиното ветување со кое се обврзала, нема важност. Господ ќе и прости, зашто татко и и забранил.

6 Ако се омажи додека е под своите завети или под ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста,

7 па ако нејзинот маж научи и откако научи ако не и рече ништо, тогаш се полноважни нејзините завети и полноважни се ветувањата со кои се обврзала.

8 Но ако нејзиниот маж и забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе и прости.

9 А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.

10 Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,

11 па ако нејзиниот маж чуе и ништо не и рече, ако не и забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.