Броеви (4 Moj.) 30:9-15 MKB

9 А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.

10 Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,

11 па ако нејзиниот маж чуе и ништо не и рече, ако не и забрани, полноважен е секој нејзин завет и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.

12 Но ако нејзиниот маж ги прогласи за неважечки, кога ќе научи за нив, тогаш ништо што излезе од нејзината уста, нејзините завети или преземените обврски, немаат важност. Нејзиниот маж ги поништи, и Господ ќе и прости.

13 Секој завет и секое заклетвено заречување, за смирување на душата, нејзиниот маж може да ги потврди или да ги поништи.

14 Ако мажот не и рече ништо, од ден во ден, со тоа ги потврдува сите нејзини завети и сите нејзини ветувања со кои се обврзала; тој ги направил полноважни, зашто не рекол ништо кога чул за нив.

15 Но ако ги поништи после, откако веќе чул за нив, тогаш тој ќе го носи нејзиниот грев.”