2 Затоа Гадовците и Рувимовците дојдоа при Мојсеја, при свештеникот Елеазар и при управителите на општеството, па рекоа:
3 „Атарот, Девон, Јазир, Нимра, Есевон, Елеалиј, Севам, Нево и Веон -
4 земја што Господ ја порази пред Израелевото општество - е земја погодна за сточарство; а твоите слуги се занимаваат со сточарство.
5 Ако најдовме благонаклоност во твоите очи - продолжија - овој крај нека им биде даден во владеење на твоите слуги; не нè преведувај преку Јордан!”
6 Мојсеј им одговори на Гадовите синови и на Рувимовите синови: „Вашите браќа ќе одат во војна, а вие да останете тука?
7 Зошто ги одвраќате срцата на Израелевите синови од преминот во земјата, која им ја даде Господ?
8 Така постапија и вашите татковци кога ги испратив во Кадис-Варни за да ја извидат земјата.