Броеви (4 Moj.) 32:21-27 MKB

21 ако вие сите вооружени пребродите преку Јордан пред Господа додека Тој не ги растера пред Себе сите Свои непријатели,

22 тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.

23 Но ако не направите така, ќе согрешите против Господа, и знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев.

24 И така, соѕидајте градови за вашите деца и огради за вашиот добиток, но направите што ветивте.”

25 Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.

26 Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,

27 а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”