22 тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.
23 Но ако не направите така, ќе согрешите против Господа, и знајте дека ќе ве стигне казна за вашиот грев.
24 И така, соѕидајте градови за вашите деца и огради за вашиот добиток, но направите што ветивте.”
25 Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.
26 Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,
27 а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”
28 И Мојсеј им даде повелба за нив на свештеникот Елеазар, на Навиновиот син Исус и на главатарите на семејствата на израелевите племиња.