Броеви (4 Moj.) 32:25-31 MKB

25 Гадовите синови и Рувимовите синови му одговорија на Мојсеја: „Твоите слуги ќе направат како што заповеда нашиот господар.

26 Нашите деца, нашите жени, нашите стада и сиот наш добиток, нека останат онаму во галадските градови,

27 а твоите слуги, сите кои се способни за бој, ќе тргнат пред Господа во војна, како што зборува нашиот господар.”

28 И Мојсеј им даде повелба за нив на свештеникот Елеазар, на Навиновиот син Исус и на главатарите на семејствата на израелевите племиња.

29 И Мојсеј им рече: „Ако Гадовите синови и Рувимовите синови, сите оние кои носат оружје, пребродат со вас преку Јордан за да војуваат пред Господа, и ако земјата ви биде покорена вам, тогаш дајте им ја Галадската Земја во сопственост.

30 Ама ако не поминат вооружени со вас, нека добијат наследство меѓу вас во Ханаанската Земја.”

31 Гадовците и Рувимовците одговорија на тоа: „Што им рече Господ на твоите слуги, така ќе направиме.