5 Ако најдовме благонаклоност во твоите очи - продолжија - овој крај нека им биде даден во владеење на твоите слуги; не нè преведувај преку Јордан!”
6 Мојсеј им одговори на Гадовите синови и на Рувимовите синови: „Вашите браќа ќе одат во војна, а вие да останете тука?
7 Зошто ги одвраќате срцата на Израелевите синови од преминот во земјата, која им ја даде Господ?
8 Така постапија и вашите татковци кога ги испратив во Кадис-Варни за да ја извидат земјата.
9 Тие се искачија до долината Есхол, ја видоа земјата и ги обесхрабрија срцата на Израелевите синови, за да не влезат во земјата, која Господ им ја даде.
10 Во тој ден Господ пламна со гнев. Се заколна и рече:
11 ‘Луѓето кои излегоа од Египет, од дваесет години или нагоре, зашто не Ме следеа верно, никогаш нема да ја видат земјата што им ја ветив под заклетва на Авраама, Исака и Јакова!’