Броеви (4 Moj.) 33:2-8 MKB

2 По Господова повелба, Мојсеј го опиша нивното патување по нивните престојувања, и еве ги застанките на нивните патувања:

3 тргнаа од Рамес во првиот месец. Беше петнаесеттиот ден на првиот месец - утреден по Пасхата - кога Израелевите синови се запатија со подигнати раце и пред очите на сиот Египет,

4 додека Египетците ги погребуваа оние, кои Господ ги погуби среде нив, односно сите првороденци, и така изврши суд над нивните божества.

5 И така Израелевите синови тргнаа од Рамес и расположија шатори во Сокхот.

6 Потоа отидоа од Сокхот и ги оптегнаа шаторите во Етам, токму на работ на пустината.

7 Отпатуваа од Етам, а тогаш свртија кон Пи-Ајрот, што се наоѓа спроти Велсефон. Ги расположија шаторите пред Мигдал.

8 Тргнаа од Ајрот и поминаа среде морето во пустината. Одеа три дни низ пустината Етам, а тогаш се настанија во Мера.