47 Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.
48 А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;
49 се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.
50 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:
51 „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,
52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.
53 Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.